понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија го избрка Хуан Фелипе

Шкендија го избрка Хуан Фелипе

Шкендија и тоа како има намера да ја поправи грешката. Така тоа го прават големите клубови. Имено како што неофицијално дознаваме, шампионот веќе не смета на услугите на Хуан Фелипе, тоа на Бразилецот вчера му било кажано, можеби и затоа тој така реагираше со објавата на својот Инстаграм профилот.

Нашите информации велат дека Шкендија му ја покажала вратата, но и дека до декември ќе може само да тренира а не и да игра за првиот тим. Ете затоа тој вчера не беше во комбинација за мечот со Вардар.

А трансфер бомбата на Фелипе во јули беше грешка. СПОРТМЕДИА во повеќе наврати пишуваше, анализираше, укажуаше со факти. Но и тој не се претргна од желба да докаже дека Шкендија не погрешила што вложила во него многу пари, а вложи тоа е факт.

Како и да е, престојот и придонесот на Фелипе во Шкендија беше мизерен во овие неколку месеци. Сега само ќе си тренира  и ќе се прашува каде ли погреши…

извор: sportmedia.mk

Коронавирус