четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Фудбал

Шевченко прашал за Македонија по мечот со Грузија!

Шевченко прашал за Македонија по мечот со Грузија!

Македонскиот поранешен репрезентативец Горан Попов денес беше гостин во забавната емсија на „Сител“ телевизија „Магазин“.

Попов во емисијата со водителката Јана Серафимова разговараше на различни теми, а една од нив беше и пласманот на Македонија на Европското првенство.

Поранешниот македонски репрезентативец имаше голема кариера во која се запозна со бројни големи фудбалски имиња, а откри дека се уште е во контакт со легендарниот Андреј Шевченко.

Шевченко е селектор на Украина и разговарал со Попов по нашиот меч со Грузија со оглед дека на ЕП во група ќе играме со оваа репрезентација.

„По мечот со Грузија му се јавив на Шевченко. Со нив ќе играме во група на Европско, ме праша некои работи за Македонија“, одговори Горан Попов.

Коронавирус