сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Шевченко: Англија е многу моќен тим, ние работевме напорно со Шведска

Шевченко: Англија е многу моќен тим, ние работевме напорно со Шведска

Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко, ги искажа своите впечатоци по синоќешната победа над Шведска (2:1) во осминафиналето на ЕВРО 2020.

– Шведска е добро организирана екипа со одреден стил. Овој тим сака да игра повеќе во позадина. Нашата задача беше, пред сè, да ги обезбедиме крилните страни и да ги заштитиме оние области каде Швеѓаните имаа предност. Избравме различен систем на игра и тактики. Благодарен сум им на играчите што направија сè совршено. Осум дена одмор пред мечот со Шведска беше многу корисен. Ни остануваат четири дена пред да се сретнеме со Англија. Добро е што имавме толку многу време да се подготвиме. Ќе ги вратиме играчите, пред сè, физички и психолошки. За успех со Англија, треба да имаме верба и издржливост. Англискиот состав е силен тим со долга клупа. Го гледав првото полувреме на нивниот натпревар со Германија. Ова е многу моќен тим, тоа добро го знам. Ние разбираме колку ќе биде тешка борбата, изјави Шевченко.

Натпреварот Англија – Шведска ќе се игра на 3 јули во Рим.

Коронавирус