четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 143
home Фудбал

Шефовите на Баерн го премислуваат Коман за пензионирањето

Шефовите на Баерн го премислуваат Коман за пензионирањето

Шефовите на германскиот шампион, Баерн Минхен веќе почнаа да го убедуваат полудефанзивецот Кингсли Коман да не става крај на играчката кариера.

Французинот изјави дека при нова повреда ќе ја прекине кариерата. Тој годинава имаше две операции на зглобот на левата нога. Коман поради повредата не настапуваше на Мундијалот 2018.

– Имам разбирање за него. За жал првата повреда го чинеше местото во составот на Франција на Светското првенство, каде тој требаше да учествува и сега ќе беше светски шампион. Но, и покрај тоа ќе му кажам да не мисли на крај на кариерата при нова повреда. Ние имаме добри лекари и физиотерапевти. Тој е важен играч за нас и посебно Роберт Левандовски ќе извлече многу бенефиции од присуството на Кингсли на теренот, изјави извршниот директор Карл-Хајнц Румениге.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ додаде дека често разговара со Коман, потенцирајќи дека нема да биде последната повреда во неговата кариера.

И јас скинав лигаменти двапати за една година. Ние сите се потпираме на него, пред него има светла иднина, посочи Салихамиџиќ.

Додека тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, посочи дека најверојатно Коман е чувствителен бидејќи за толку кратко време се здоби две повреди.

Целосно го разбирам дека во неговата глава минуваат такви мисли. Но, тој е играч од светска класа и сигурно ќе одигра уште многу силни натпревари и ќе освојува трофеи. Можеби тоа беше првичната реакција од негова страна.

МИА

Коронавирус