недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Шефот на Јуве: Бонучи сака да се врати кај нас, преговараме со Милан

Шефот на Јуве: Бонучи сака да се врати кај нас, преговараме со Милан

Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота потврди дека капитенот на Милан Леонардо Бонучи сака да се врати во тимот на „старата дама“. Централниот дефанзивец го напушти Торино со шокантен трансфер минатото лето и потпиша со „росонерите“ во договор вреден 40 милиони евра.

– Леонардо сака да се врати кај нас и ние ќе ја исполниме неговата желба. Преговорите се комплексни. Ние правиме се што можеме, исто така го понудивме Гонзало Игуаин на Милан, но резултатот не е позитивен, рече Марота.

Тој додаде и дека Матија Калдара нема да премине во Милано како дел од евентуална зделка и дека тој „не е за продавање“.

МИА

Коронавирус