вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Шефот на Баерн загрижен за иднината на Бундеслигата

Шефот на Баерн загрижен за иднината на Бундеслигата

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге стравува дека фудбалот ќе биде во голема опасност доколку натпреварите продолжат да се играат во затворено. Ако сезоната дури треба повторно да се прекине поради новиот бран на коронавирус, голем број клубови нема да преживеат, изјави тој за „Билд ам Зонтаг“.

Германија ја заврши минатата сезона зад затворени врати, но на навивачите сега им е дозволен влез, но најмногу во теорија, бидејќи последниот договор е локалните здравствени власти да одлучат за можна посетеност со оглед на нивото на инфекција. И додека Борусија (Дортмунд) двапати ја имаше таа среќа да пушти 11.500 луѓе на својот стадион, Баерн ќе остане без никаква поддршка од трибините барем до 25 октомври. Останатите клубови исто така имаа минимална посетеност.

– Ако скоро и да немаме навивачи на стадионите, се плашам дека фудбалот ќе претрпи голема штета. Јас навистина зборувам за помалку приходи -мислам околу 100 милиони евра. Низ цела Европа, секој клуб губи помеѓу 50 и 200 милиони евра по сезона, што мора да се игра без навивачи. Лесно е да се предвиди колку долго секој клуб може да се справи со ова, вели легендата на германскиот фудбал.

Другата грижа на Румениге е дека културата на фановите на фудбалот ќе страда и тој призна дека тие исто така се целосно зависни од одлуките на здравствените власти. Земајќи го предвид најлошото сценарио со повторна суспензија на сезоната, Румениге стравува дека може да пропадне целата Бундеслига.

– Неколку клубови во Бундеслигата нема да преживеат. Неколку со сигурност. Не можам да замислам Бундеслигата да продолжи да постои во сегашната форма и понатаму. Дури и под сегашните услови, постојат гласини дека некои клубови се плашат од банкрот, рече Румениге.

Првиот ваков тим кој се пожалил на губење на планирани пари од сезонски билети, билети и потрошувачка е Шалке 04, кој секогаш се потпирал на парите од своите навивачи.

Коронавирус