среда, 30. септември 2020. Вести денес: 109
home Фудбал

Шчесни потпиша до 2024 и стана еден од најплатените во Јувентус

Шчесни потпиша до 2024 и стана еден од најплатените во Јувентус

Полскиот репрезентативец Војчех Чшесни ќе остане на голот на Јувентус во наредните четири години.

Блиски извори до „бјанконерите“ пренесуваат дека клубот и фудбалерот постигнале согласност за нова соработка до летото 2024 година. Тоа значи дека италијанскиот првак нема да мора да се грижи за позицијата на голот.

Деталите на новиот договор се уште не се познати и ќе бидат обелоденети на јавноста во наредниот период.

Полјакот пристигна во Торино пред три години од редовите на Арсенал. Тогаш „старата дама“ за него плати 14 милиони евра, што се покажа како правилен потег.

Во тековната сезона тој има 16 настапи на голот на Јуве. Десет од нив се во Серија А, пет во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.

Коронавирус