На првиот натпревар откако беа потврдени за шампиони на Италија, за прв пат по 11 години, Интер до врв ја наполнија мрежата на Сампдорија која беше совладана со 5:1.
„Нероазурите“ го отворија резултатот уште во 4. минута кога Гаљардини погоди за 1:0. На 2:0 зголеми Алексис Санчез во 26. минута, а само десет минути подоцна Кеита намали на 2:1. Тоа беше се од тимот на Сампдорија, па до крајот на натпреварот голови постигнуваа само играчите на Интер. Санчес со својот втор погодок, во следниот напад по голот на Кеита зголеми на 3:1 и со тој резултат се замина на пауза.
До крајот мрежата на Сампдорија ја тресеа и Андреа Пинамонти и Лаутаро Мартинез кој погоди од белата точка.