сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 87
home Фудбал

Шаман лекува фудбалер на Манчестер Јунајтед

Шаман лекува фудбалер на Манчестер Јунајтед

Еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, Анхел Гомез отпатува за Нигерија за да стави крај на низата повреди кои го мачат.

Тој го призна ова на својата сметка на Инстаграм, што ги шокираше сите во Премиер лигата.

Гомез, чиј татко е Анголец, а неговата мајка е Англичанка, замина во Нигерија, каде што беше подложен на алтернативен третман кај еден локален шаман.

Самиот талент признава дека се обидел сè во Англија да биде целосно здрав за играње, но на крајот ништо не функционирало, пишува „Монитор“.

И заради ова, 19-годишниот фудбалер отпатувал во Африка. Гомез, кој е младински репрезентативец на Англија, има забележано 10 натпревари за „црвените ѓаволи“, но според експертите тој има светла иднина и заради тоа „Олд Трафорд“ му понуди нов договор.

Во неговата биографија стои и дека неговиот кум е поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Нани.

Коронавирус