среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Шалке го суспендираше Мајер поради критиките за раководството

Шалке го суспендираше Мајер поради критиките за раководството

Шалке го суспендираше Макс Мајер, откако 22-годишниот фудбалер во интервју за „Билд“ го критикуваше раководството на фудбалскиот клуб.

Мајер особено е остар кон спортскиот директор Кристијан Хајдел, кого го посочува како виновник за неговото заминување од клубот.

Фудбалерот наведува дека врз него се врши насилство, а на овие обвинувања од Шалке веднаш реагираа и ги демантираа неговите наводи.

–  Не можеме да го толерираме ваквото однесување и ваквите изјави. Вознемирени сме и со самото споменување на зборот насилство. Најостро ја демантираме неговата изјава која е обична лага. Шалке кон Макс Мајер секогаш се однесувал коректно, истакна Хајден.

Од Шалке наведоа дека Мајер е суспендиран и дека нема веќе да тренира со првиот тим, но дека претходно никогаш не му бил вршен притисок да го напушти клубот по истекот на договорот.

Минатата недела германските медиуми објавија дека Мајер нема да го продолжи договорот со Шалке, кој му истекува на крајот од сезоната. Според гласините во јавноста фудбалерот планира кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Мајер оваа сезона за Шалке играше на 28 натпревари и постигна еден гол.