петок, 14. мај 2021. Вести денес: 19
home Фудбал

Шалке ги осуди навивачките инциденти по испаѓањето од Бундеслигата

Шалке ги осуди навивачките инциденти по испаѓањето од Бундеслигата

Раководството на фудбалскиот клуб Шалке денеска остро ги осуди постапките на дел од клупските навивачи, кои фрлаа со јајца врз играчите и вербално ги нападнаа неколку часа откако екипата синоќа и официјално го загуби прволигашкиот статус во Бундеслигата.

-Дел од навивачите ја преминаа линијата за која сметаме дека не смее да се премине, соопшти Шалке.

Навивачите се судрија со играчите на клубот од Гелзенкирхен ноќта меѓу вторникот и среда, откако тимот се врати од Билефилд каде загуби од Арминија со 1:0 и за прв пат во последните 30 години се пресели во второлигашка конкуренција.

Клупското раководство наведе дека го разбира гневот на навивачите, но истакна оти надлежните никогаш нема да прифатат незадоволството да биде повод за загрозување на безбедноста на фудбалерите и персоналот.

-Токму тоа се случи во постапките на поединци, се нагласува во клупското соопштение.

Полицијата соопшти дека околу 600 навивачи биле собрани пред клупскиот стадион каде го чекале враќањето на Шалке од Билефилд.

Засега никој не е приведен, а истрагата е во тек.

Коронавирус