петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Шакири сака во Рома, Клоп не го дава

Шакири сака во Рома, Клоп не го дава

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џердан Шакири е подготвен да се пресели во составот на Рома. Швајцарецот не е задоволен од малото време што го добива кај „црвените“ и е склон да го напушти „Енфилд“.

Но, менаџерот на тимот, Јирген Клоп е против договорот. Тимот од Мерсисајд веќе одби понуда од италијанскиот клуб.

Германскиот стратег сака Шакири да остане во Ливерпул барем до летово.

Тимот на „Енфилд“ е лидер во Англија и е апсолутен фаворит за титулата во Премиер Лигата, која ја нема освоено веќе 30 години.