четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Севиља се приклучува во борбата за Сусо

Севиља се приклучува во борбата за Сусо

Играчот од средниот ред на Милан, Сусо, може да се врати во јануари во Ла Лига, каде претходно играше за Алмерија.

За 26-годишниот Шпанец интерес пројави Севиља. Спортскиот директор на андалузискиот клуб Мончи е во разговори со агентот на играчот, според новинарот Николо Скира.

Сусо изрази желба да го смени клубот. Неговиот договор со Милан важи до јуни 2022 година.

Претходно беше познато дека играчот од средниот ред го бараат Рома, Атлетико, Валенсија и Хетафе.

Коронавирус