четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Фудбал

Сестрата на Буфон со емотивна порака го „проколна“ својот брат- ова никако не го прави утре пред очите на целиот фудбалски свет!

Сестрата на Буфон со емотивна порака го „проколна“ својот брат- ова никако не го прави утре пред очите на целиот фудбалски свет!

За утре со почеток во 11:30 часот е закажана прес-конференција на која фудбалскиот свет очекува Џанлуиџи Буфон да објави крај на кариерата.

Денес за „Тутоспорт“ зборуваше сестрата на легендарниот голман, Вероника.  Таа смета дека нејзиниот брат кој е три години помлад не е спремен да го остави фудбалот.

Како што кажува Вероника, таа во неговите очи се уште гледа голема глад за победување и уживање во она што најмногу сака да го прави.

-Можам да кажам дека колку повеќе го гледам на теренот, толку повеќе во него гледам играч кој не е спремен да каже збогум. Јас играв професионално одбојка и знам како е кога ставате крај на она што најмногу сакате да го правите. Јас сум сестра на Џиџи и навистина сум горда што можам да го кажам тоа, мислам дека во овој момент тој не е подготвен да стави крај, вели таа.

-Во неговите очи гледам се уште голема глад за играње и победување. Разговарав со него повеќе пати, а неговиот одговор беше само насмевка. Како поранешна спортска сакам да кажам дека спортистот заминува кога повеќе нема што да понуди, а со мојот брат тоа не е случај, изјави Вероника за реномираниот „Тутоспорт“.