недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Сериозни грижи за Солскјер: Варан и Мегваер под прашалник, ќе мора да го повика „заборавениот“?

Сериозни грижи за Солскјер: Варан и Мегваер под прашалник, ќе мора да го повика „заборавениот“?

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар е сериозно загрижен по натпреварите на неговите избраници во репрезентациите.

Имено, Рафаел Варан на мечот против Шпанија вчера, имаше повреда и сега чекаат вести од таборот на „триколорите“ да видат дали станува збор за посериозна повреда кај Рафаел Варан, а од друга страна ситуацијата не е баш најдобра и со Хари Мегваер.

Токму во најнезгоден момент би можеле да бидат потврдени и двете отсуства на Варан и Мегваер, кога Јунајтед го очекува незгодно гостување кај Лестер по репрезентативните обврски.

Инаку, од таборот на Јунајтед, во отсуство на двајцата повредени дефанзивци, Солскјер скоро и да нема избор, туку ќе мора да ги повика Ерик Бејли и Фил Џонс, фудбалери кои се тотално надвор од форма, но еден од нив сигурно ќе влезе во потесниот избор, заедно со Виктор Линделоф.

Локални избори 2021