понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 181
home Фудбал

Сериозен интерес има од Италија за Оршиќ

Сериозен интерес има од Италија за Оршиќ

Динамо од Загреб во своите раце има нов бисер во името на Мислав Оршиќ од кој веројатно добро ќе ја наполни касата.

Хрватите одлично знаат да работат на трансфер пазарот, а медиумите веќе го поврзуваат Оршиќ со трансфер во Италија. Во сезоната 2013/2014  овој фудбалер го носеше дресот на Специја која во тоа време беше дел од Серија Б и успеа да собере само 11 настапи.

Агентот на Оршиќ Бранко Хучика за „Калчомеркато“.

„Постојат контакти и некои почетни преговори со клубови од Италија. Оршиќ тогаш беше млад и не го знаеше јазикот, требаше да учи за да ја разбере тактиката на неговиот тим и јазикот беше проблем. Во овој момент сум во контакт со неколку италијански клубови. Сега тој има 28 години и не би кажал не на враќање во Италија“, изјави Хучика.

Коронавирус