петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

Серија од седум натпревари без пораз за Арсенал

Серија од седум натпревари без пораз за Арсенал

Арсенал синоќа ја победи Астон вила (3:1) во 9. коло од Премиер лигата.

Избраниците на тренерот Микел Артета ја продолжија серијата без пораз која трае веќе седум натпревари на сите турнири. Лондонци имаат пет победи и два нерешени натпревара во овој период.

Покрај Астон вила, совладани беа Тотенхем (3:1), Вимблдон (3:0), Барнли (1:0) и Норвич (1:0), а нерешените исходи се со екипите на Кристал палас (2:2) и Брајтон (0:0).

Арсенал има 14 бода по 9 натпревари во Премиер лигата. Во моментов тимот е на 9. место.

Коронавирус