четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Серхио Рамос по 16 години заминува од Реал Мадрид!

Серхио Рамос по 16 години заминува од Реал Мадрид!

Реал Мадрид и Серхио Рамос не успеаја да најдат заеднички јазик, по долги преговори за продолжување на соработката, наместо абер дека паднал договор, Реал Мадрид соопшти разделба.

„Кралевите“ на маса ставија едногодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона но и намалување од 10%, услови кои не беа прифатливи за капитенот.

Реал Мадрид синоча информираше дека дефанзивецот нема да го продолжи договорот и утре ќе се одржи церемонија на која Серхио Рамос ќе каже збогум по 16 сезони на „Сантијаго Бернабеу“.

Коронавирус