петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 6
home Фудбал

Серхио Агуеро дефинитивно заминува од Манчестер Сити

Серхио Агуеро дефинитивно заминува од Манчестер Сити

Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, оваа лето ќе го напушти клубот од „Етихад“ кога ќе му истече договорот, потврдија од таборот  на актуелниот лидер во Премиер лигата.

Првиот стрелец во историјата на манчестерскиот клуб по 10 години ќе го напушти таборот на „Граѓаните“, откако дојде во летото 2011 година од редовите на Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот напаѓач со Сити освои четири и на пат е да ја освои петтата титула во Премиер лигата, а освен тоа пет пати го освојуваше Лига Купот, има три Комјунити Шилд трофеи и само еден ФА Куп. Во клубот од „Етихад“ постигна 257 гола на 384 натпревари.

 

ЕУРО 2020

Македонија