четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 165
home Фудбал

Сер Алекс го убедува Роналдо да остане уште една година

Сер Алекс го убедува Роналдо да остане уште една година

Британскиот весник „Дејли мирор“ објави дека Кристијано Роналдо имал „низа состаноци“ на чај со легендарниот поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон на кои се разговарало за иднината на португалскиот фудбалер.

Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ минатото лето носејќи огромен оптимизам во клубот, но „ѓаволите“ ја завршуваат својата најслаба сезона во Премиерлигата.

Роналдо имаше 24 гола во сите натпреварувања за Јунајтед, како убедливо најдобар поединец во тимот, но останува неизвесно дали ќе остане и следната сезона во тимот посебно со пристигнувањето на новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Според „Дејли мирор“, Ферги го убедувал својот пулен да остане во Манчестер и да почека да види како ќе се одвиваат промените во клубот.

Коронавирус