сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 12
home Фудбал

Сензационална вест од Англија, Ливерпул го продава најдобриот, Реал Мадрид на штрек?!

Сензационална вест од Англија, Ливерпул го продава најдобриот, Реал Мадрид на штрек?!

Англиските медиуми објавија дека Ливерпул одлучил да го продаде најдобриот фудбалер, Мохамед Салах. По Садио Мане, кој замина во Баерн Минхен, се чини дека Јурген Клоп подготвува револуција во тимот, односно цела нова офанзива.

Островскиот таблоид „Сан“ уверува дека Ливерпул ќе размисли за продажба на Мохамед Салах до 1 септември, доколку на неговата адреса пристигне понуда од околу 60.000.000 фунти (околу 70.000.000 евра)!

Истиот извор наведува дека челниците на Реал Мадрид ја следат деликатната ситуација во која се наоѓаат Ливерпул и Салах, која е предизвикана од долгите и неуспешни преговори за нов договор.

Коронавирус