среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

СЕНЗАЦИЈА на ЕУРО 2020: Швајцарија го исфрли светскиот првак Франција

СЕНЗАЦИЈА на ЕУРО 2020: Швајцарија го исфрли светскиот првак Франција

Швајцарија приреди сензација и по пенал рулетот ја елиминира Франција со победа од 5:4. Килијан

Мбапе најскапиот играч на французите промаши пенал во последната петта серија со што го елиминира светскиот шампион на европскипт шампионат..

Во регуларниот дел и по продолженијата од двапати по 15 минути беше нерешено 3:3, па првпат на ова ЕП се шутираа пенали.

Марио Гаврановиќ погоди прв за Швајцарија, а веднаш по него шутираше Пол Погба и израмни на 1:1. Ладнокрвно погоди и Фабија Шер за 2:1 за Швајцарците, а потоа прецизен беше и Оливие Жиру.

Голманите Хуго Лорис за Франција и Јан Зомер на голот на Швајцарија беа немоќни и третата серија во која погодија Аканџи и Турам, па со шест погодени пенали резултат беше 3:3, како и во регуларниот дел и по продолженијата.

Сигурен потоа беше и Рубен Варгас за предноста на Швајцарците од 4:3, а пеналџиите продолжија да погодуваат, па Кимпембе израмни на 4:4.

Швајцарците ги погодија сите пет пенали, откако и Мехмеди беше прецизен, а Мбапе промаши за елиминација на Франција.

Швајцарија ќе игра во четвртфиналето против Шпанија.

Коронавирус