сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

СЕНЗАЦИЈА! Челзи го враќа Азар за половина пари: Тој е дебел и не е истиот, но тие го сакаат!

СЕНЗАЦИЈА! Челзи го враќа Азар за половина пари: Тој е дебел и не е истиот, но тие го сакаат!

Еден Азар го напушти Челзи пред две години затоа што сметаше дека повеќе не може да постигнува голови во овој клуб, па го облече дресот на Реал Мадрид во трансфер кој може да достигне 150 милиони евра.

Што се случи во меѓувреме? Азар претрпе „мал милион повреди“ во Реал Мадрид, тој постигна само пет гола, додека Челзи ја освои Лигата на шампионите и играше страшен фудбал со Томас Тухел, а се појави информација дека Белгиецот може да биде дел од тој проект.

„Марка“ пренесува дека Челзи контактирал со Реал Мадрид и им понудил трансфер, бидејќи на „кралскиот клуб“ му требаат пари, но тие би барале околу 60 милиони евра за играч кој е во голем пад.

Челзи исто така е загрижен дека Азар е еден од најплатените фудбалери во светот и би било тешко да му се понудат тие пари, додека приоритет е доаѓањето на централен напаѓач и пред се „сините“ се обидуваат да најдат пари да го ангажираат Ерлинг Халанд, па дури и Роберт Левандовски.

Кога слушнаа за оваа информација во соблекувалната на Челзи, беа среќни што Азар може да се врати бидејќи остави длабока трага за седум сезони, но прашање е дали ќе има „зделка“.

Фудбалерот кој израсна во Лил одигра 352 натпревари во дресот на Челзи и постигна 110 погодоци.

Коронавирус