четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Фудбал

Селтик во потера по градскиот ривал, Вест Хем по заверка во ФА Купот, не мируваат ниту на Пиринеите и Апенините

Селтик во потера по градскиот ривал, Вест Хем по заверка во ФА Купот, не мируваат ниту на Пиринеите и Апенините

Погледнете ја понудата на Mozzart на спортските настани кои нè очекуваат денес.

Селтик – Хиберниан, Шкотска Премиер Лига, 20.45 ч.

По поразот во Олд Фирм дербито, Селтик полека почна да се збогува со титулата. Како игра Ренџерс, малку е веројатно дека ќе ја упропасти приликата да ја прекине доминацијата на Селтик. „Келтите“ заостануваат дури 19 бодови, но имаат и три натпревари помалку, но тешко дека ќе дојде до промена на првите две позиции. Во тековната сезона Селтик беше убедлив против Хиберниан на Селтик Парк (3:0), но во средината на ноември со гол во судиското продолжение едвај извади бод (2:2) на гостувањето кај денешниот ривал.

Стокпорт – Вест Хем, ФА Куп, 21.00 ч.

Вест Хем е едно од најпријатните изненадувања во Премиер Лигата. Многумина им прогнозираа на „чеканите“ грчевита борба за опстанок, но тие водат битка за излез на меѓународна сцена. Дејвид Мојс ја затегна екипата, 2021 година ја отвори на најдобар можен начин и посакува неговиот тим да биде исто толку успешен и на другите фронтови.

Специја – Сампдорија, Серија А, 20:45 ч.

Со неочекуваната победа над Наполи на стадионот Диего Армандо Марадона, Специја успеа да избега од опасната зона. Специја го зема првиот голем скалп оваа сезона, а во добро расположение го дочекува натпреварот против Сампдорија. На Луиџи Ферарис падна и Интер, а во претходните пет кола Сампдорија оствари три победи и заплови во мирни води.

Хуеска – Бетис, ЛаЛига, 21.00 ч.

Бетис на гостувањето кај Хуеска патува осакатен од повреди. Мануел Пелегрини пребројува на кого може да смета за дуелот против последнопласираната екипа во Примера. Бетис никако да успее да ја стабилизира формата и играта во одбрана, која е најлоша во лигата. Ретки се ситуациите кога мрежата на тимот од Севиља останува недопрена, а во претходните два дуела помеѓу Хуеска и Бетис, натпреварите завршија со ГГ3+ и двете екипи се радуваа на по една победа.

Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.

Коронавирус