сабота, 10. април 2021. Вести денес: 49
home Фудбал

Селекторот на Романија го објави списокот на фудбалери за мечот со Македонија

Селекторот на Романија го објави списокот на фудбалери за мечот со Македонија

Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација на старот од квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар, Романија, која на 25 март во Плоешти ќе ги дочека црвено-жолтите, ќе ги има најдобрите фудбалери на располагање за пресметката против нашата селекција откако селекторот Мирел Радои го објави првиот список на фудбалери за првите три меча кои се на распоред на крајот на месец март.

Со Јанис Хаџи, најскапиот Романец Денис Ман, кој за 15 милиони евра беше продаден во Парма, со одличниот Николае Станчиу од Славија Прага, Влад Кирикеш, искусниот Клаудиу Кешеру од Лудогорец, Георге Пушкаш од Рединг.

Романија ќе излезе на мегдан во мундијалските квалификации во кои ги чека пресметки и со Ерменија и Германија, покрај воведната со Македонија.

Ова не е конечен список, најверојатно Радои ќе додаде адути и од домашното првенство, а во многу ќе зависи и од достапноста на фудбалерите во овој ек на пандемија со коронавирус и можноста некој клуб да не дозволи доаѓање на свој фудбалер.

ГОЛМАНИ: Флорин Нита (Спарта Прага, Чешка), Јонут Раду (Интер, Италија)

ОДБРАНА: Василе Могош (Киево, Италија), Богдан Тиру (Јагелонија, Полска), Јонут Неделцеару (АЕК Атина, Грција), Драгош Григоре (Лудогорец, Бугарија), Алин Тошца (Газиантеп, Турција), Влад Кирикеш (Сасуоло, Италија), Кристи Ганеа (Арис, Грција), Адриан Рус (МОЛ Фехевар, Унгарија)

СРЕДЕН РЕД: Сергиу Ханца (Краков, Полска), Ражван Марин (Калјари, Италија), Александру Крету (Марибор, Словенија), Николае Станчиу (Славија Прага, Чешка), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Александру Максим (Газиантеп, Турција), Александру Балута (Академија Пушкаш, Унгарија), Ерик Бикфалви (Урал, Русија), Валентин Михаила (Парма, Италија), Денис Ман (Парма, Италија)

НАПАД: Клаудиу Кешеру (Лудогорец, Бугарија), Георге Пушкаш (Рединг, Англија).

Коронавирус