среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Фудбал

СЕКС СКАНДАЛ: Фудбалерки обвинија поранешниот селектор за злоставување

СЕКС СКАНДАЛ: Фудбалерки обвинија поранешниот селектор за злоставување

Сите 24 членки на женската фудбалска репрезентација на Венецуела го обвинија преку социјалните мрежи поранешниот селектор Кенет Зерамета за сексуално вознемирување и го опишаа како вистински „монструм“.

–Одлучивме да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за поранешниот селектор, кој за време на својот мандат физички и психички ги малтретираше фудбалерките и сексуално ги злоставуваше, напишаа венецуелските фудбалерки за 55 – годишниот поранешен селектор, додавајќи оти многумина од нив признале дека Зерамета физички и психички ги малтретирал условувајќи го нивното место во националниот тим со непристојни предлози.

Најпознатата фудбалерка на Венецуела и член на шпански Атлетико Мадрид, Дејна Кастељанос, обелодени дека нејзина колешка од националниот тим и признала дека поранешниот селектор сексуално ја злоставувал на 14-годишна возраст.

Зерамета, роден во Панама, кој, исто така, има венецуелски пасош, предводеше повеќе фудбалски селекции во Венецуела од 2008 до 2017 година, а од лани е селектор на сениорската женска репрезентација на Панама.

Локални избори 2021