четврток, 30. март 2023. Вести денес: 136
home Фудбал

Секојдневно пиел алкохол, пател од депресија, го одбил Реал и го предал Бразил- потресна животна приказна на Марио Фернандез

Секојдневно пиел алкохол, пател од депресија, го одбил Реал и го предал Бразил- потресна животна приказна на Марио Фернандез

Светот се воодушевува од играта на репрезентативецот на Русија Марио Фернандез на ова Светско првенство, но зад оваа игра стои неверојатна животна приказна.

Тој е дефинитивно еден од најдобрите играчи ова СП, но само неколку години претходно тој се соочил со малку поинаквата страна на животот.

Имено откако во 2009 година Фернандез еден ден откако потпишал  договор со Гремио тој исчезнал и на фудбалерот му се губи секаква трага.

Луѓето од клубот, пријателите, семејството.. никој не знаел каде се наоѓа и тие ја повикале полицијата да им помогне во потрагата. Пронајден е после три дена, на стотина километри подалеку од Порто Алегре.

Откако го потпишал договорот, Фернандез паднал во депресија и решил да оди во посета кај неговиот чичко. Запирал на секои стотина километри. И кога го пронашле бил целосно исцрпен и гладен.

Одел на психотерапии за да се излечи од депресивноста. Кога се опоравил, почнал да игра навистина добро во бразилската лига, но и понатаму му било тешко. Не внимавал на исхраната, пиел многу алкохол, излегувал во ноќните клубови, и заборавал на тренинзите…

-Некогаш толку многу пиев што и на тренинзите доаѓав во алкохолизирана состојба. Имав само 19.години и живеев во Порто Алегре. Јадев пица, бев во Мекдоналдс секој ден. Еден ден нутриционистот од клубот ми рече дека морам да јадам само во клубот, под негов надзор, открива Фернандез.

Секако, таквиот стил на живот го донесе до една катастрофална состојба. Имаше 21. година кога доби повик за бразилската репрезентација.

Една вечер пред поаѓањето, се напил, задоцнил на летот, и веднаш е тргнат од списокот во период од три години.

Следуваше заминувањето во Москва, односно во ЦСКА.

Клубот од главниот град на Русија издвои повеќе од десет милиони евра за Бразилецот, што во тоа време, во 2012 година, беше скап трансфер.

Тоа всушност беше порака дека Русите веруваат во него, а тој веднаш ја оправда нивната доверба.

Кога работата беше целосно завршена, Реал Мадрид покажа интерес за него. Понуди кралскиот клуб многу повеќе пари.

Неговиот агент дури и му го кажа износот, но Марио не сакал да го прекрши ветувањето.

Знаеше дека во ЦСКА ќе има место во првите 11 и дека ако биде исто така добар, Реал повторно ќе се(по) јави во иднина.

И навистина, Марио Фернандез веднаш доби место во стартната постава на армејците и играше сјајно.

Потоа потполно го сменил начинот на живот. Почнал да оди и во црква, а верата потполно го променила.

Во 2015 година повторно беше повикан во бразилскиот национален тим. Тогаш веќе беше како домашен играч во Русија, затоа што имаше сериозни индиции дека ќе добие и руски пасош.

На неговиот избор на репрезентацијата влијаеа и одредени околности. Играше за Бразил само еднаш, на пријателски натпревар, а Русија му стана вториот дом.

Таму имаше омилен клуб, омилена црква. Сето тоа влијаеше на неговата дефинитивна одлука.

Добил руски пасош, а многу брзо после тоа, добил и повик за националниот тим на Русија.

Некои луѓе во Бразил го нарекоа предавник, но тоа не стигнува баш премногу до Фернандез.