четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Секој фудбалер на Барселона добива доживотна плата ако освоил европски трофеј!

Секој фудбалер на Барселона добива доживотна плата ако освоил европски трофеј!

Хуан Карлос Хередиа откри дека од Барселона добива доживотна плата поради тоа што му помогнал на клубот да освои европски трофеј.

Аргентинецот играше во генерацијата со Јохан Кројф за Барселона, па во 1979 година го освои Купот на победниците на куповите.

Хередиа неодамна за медиумите откри дека секој член на Барселона, кој освоил европски трофеј добил доживотен договор, кој го ветил поранешниот претседател Жоан Лапорта.

„Кога Барселона победи во финалето на Лигата на шампиони во Рим против Манчестер јунајтед со голот на Лионел Меси, претседателот на клубот кажа дека сите кои биле европски шампиони со Барселона ќе добијат доживотна плата и го исполни ветувањето“, откри Хередиа.