четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Фудбал

„Секој донесува свој заклучот“: Сестрата на Роналдо удри по Лука Модриќ на Инстаграм (ФОТО)

„Секој донесува свој заклучот“: Сестрата на Роналдо удри по Лука Модриќ на Инстаграм (ФОТО)

Според реакциите на неговите најблиски, изгледа дека Кристијано Роналдо тешко се справува со одлуката дека Лука Модриќ е најдобриот играч на Европа.

„Секој донесува свој заклучок“, напиша сестрата на Роналдо, Катиа Авеиро на Инстаграм во прилог објавувајќи ги бројките на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Според неа, Роналдо на 12 натпревари имал 15 голови, три асистенции и три пати е прогласен за најдобар играч на натпреварите.

Од друга страна, Модриќ на 11 натпревари имаше еден гол, една асистенција и никогаш не бил прогласен за играч на натпреварот.

Роналдо не се појави на Грималди Форумот во Монте Карло за да му честита на својот поранешен соиграч Лука Модриќ, кој после наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија е прогласен и за најдобар фудбалер во Европа.

„Ова е едноставно смешно. Роналдо минатата сезона го водеше Реал и даде 15 голови во Лигата на шампионите, така што целиот овој избор оваа година е смешен“, порача менаџерот на Роналдо, Хорхе Мендез.