недела, 19. септември 2021. Вести денес: 68
home Фудбал

Сејдини: Останувам доследен, не го дадов јас името на ФФМ за да го менувам

Сејдини: Останувам доследен, не го дадов јас името на ФФМ за да го менувам

Претседателот на ФФМ денеска истакна дека останува доследен и нема да го промени името на Федерацијата.

-Уште на почетокот кажав и во многу наврати повторував дека ниту јас сум го ставил името на Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас можам да го сменам тоа име. Единствен орган кој може да го смени името на Фудбалската федерација на Македонија е Собранието на ФФМ. Така да, Муамед Сејдини и натаму ќе остане доследен и ќе ги почитува сите правила, истакна Сејдини на денешната прес-конфернција одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, ФФМ денеска официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на А машката фудбалска репрезентација со договор до 2024 година.

 

 

Коронавирус