сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Фудбал

„Сега си одам дома“: Се огласи Алегри по веста за неговото заминување

„Сега си одам дома“: Се огласи Алегри по веста за неговото заминување

Масимилијано Алегри ја прокоментира разделбата со Јувентус, што ќе се случи по крајот на сезоната. Претходно истиот ден шампионите официјално објавија дека во новиот шампионат тренерот веќе нема да биде на клупата.

-Ми требаа пет години, за да го изградам овој Јуве. Ова беа пет години голема љубов. За мене пет години се многу. Но, тоа е … животот продолжува. Сега си одам дома, а потоа ќе одам на краток одмор на море, изјави тренерот, цитиран од италијанските медиуми.

Тој вели дека не знае кој ќе го наследи на чело на тимот.

-Но знам дека Јувентус ќе најде одличен тренер, поради тоа што е голем клуб, додаде експертот од Ливорно.