среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Сега и официјално: Ливерпул е најголемиот англиски клуб во историјата!

Сега и официјално: Ливерпул е најголемиот англиски клуб во историјата!

До овој викенд, Манчестер Јунајтед беше единствениот англиски клуб кој станат светски клупски првак. Сега со тоа признание може да се пофали и Ливерпул, кој преку Фламенго стигна до нов трофеј во својата колекција.

„Црвените“ ја освоија до третата титула во 2019 година, покажувајќи го победничкиот менталитет кој го наметна Јирген Клоп.

Клубот од „Енфилд“ потврди дека е најголем англиски клуб во историјата, со најмногу трофеи (47). Второто место му припаѓа на лутиот ривал Манчестер Јунајтед со две одличја помалку, а далеку зад нив се Арсенал (30), Челзи (24) и Астон Вила (20).

Манчестер Сити е надвор од најдобрите пет со 19 титули, бројка, која е обезбедена благодарение на тројната круна освоена со Пеп Гвардиола минатата сезона.

Ако продолжат во исто темпо, фудбалерите на Ливерпул до крајот на сезоната ќе ја продлабочат историјата. По 30 години имаат одлична шанса да станат шампиони во Премиер лигата, што е трофејот кој најмногу го посакуваат навивачите.

извор: gol.mk

Коронавирус