сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Фудбал

Седуммина еритрејски фудбалери исчезнале во Уганда

Седуммина еритрејски фудбалери исчезнале во Уганда

Седуммина фудбалери од Еритреја исчезнале по завршувањето на регионалниот турнир во Уганда, соопштија организаторите на турнирот.

Портпаролот на турнирот, Роџерс Милиндва, изјави дека е во тек полициска истрага.

Полицијата засега не го коментира случајот. Првичните претпоставки се дека фудбaлерите избегале од екипата за да не се враќаат во Еритреја.

Светските групи за заштита на човековте права Еритреја ја опишувата како една од државите со најстрог режим.

Претходно уште четворица други фудбалери од Еритреја, членови на репрезентацијата до 20 години, во октомври побара азил во Уганда.

Многу млади лица  бегаат од оваа земја во источна Африка за да ја избегнат, пред се, воената обврска.

Коронавирус