понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода

Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, е среќен поради триумфот (3:1) над Академија Пандев вчеравечер на дербито во Струмица.

Морам да им честитам на играчите за победата која е многу важна. Мислам дека заслуживме три бода. По голот што го примивме, направив неколку замени за поголема енергија на теренот и почнавме да напаѓаме цело време. Не сакам да зборувам за досудените пенали, но можам да кажам дека создадовме многу шанси и одигравме многу добар натпревар. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар против Работнички, бидејќи тоа е исто така важен натпревар и ги повикувам нашите навивачи да создадат добра атмосфера на трибините, изјави Седлоски.

По осум кола во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи е со 17 бодови.

Следниот натпревар чаирчани ќе го имаат н а2 октомври против Работнички. (МИА)

Локални избори 2021