вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Седлоски по елиминацијата од Санта Клара: Задоволен сум од реваншот, игравме со многу силен противник

Седлоски по елиминацијата од Санта Клара: Задоволен сум од реваншот, игравме со многу силен противник

Заврши европската авантура за Шкупи во Конференциската лига на УЕФА со синоќешниот пораз од Санта Клара (0:2). Португалскиот тим и на првиот дуел беше поуспешен со 3:0 и заслужено оди во следната рунда.

Тренерот на македонскиот тим Гоце Седлоски рече дека санта Клара заслужено оди понатаму.

– Морам да му честитам на тимот на Санта Клара. Мислам дека во првиот натпревар ние бевме малку исплашени и покажавме преголема почит кон ривалот. Првиот гол во Скопје беше автогол, а другите два гола исто така беа наша грешка. Денес дојдовме тука со некои промени во тимот, каде што им дадовме можности на некои други играчи. Знаевме од почетокот дека ќе биде тешко, бидејќи пред нас имавме многу силен противник. Морам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, особено во второто полувреме. Уште еднаш, мислам дека Санта Клара ја заслужи оваа победа и му посакувам успех во ова натпреварување, изјави Седлоски на прес-конференцијата по синоќешниот меч.

Синоќа и Шкендија по втор пат загуби од својот противник Рига, па македонскиот фудбал остана без ниту еден претставник во евро-куповите уште пред да се разгорат борбите.

Коронавирус