Фудбал

Седлоски: Гледате каде беше Вардар, а каде е сега!

Седлоски: Гледате каде беше Вардар, а каде е сега!

Фудбалскиот тим Вардар го сруши „проклетството“ и по 18 години го освои Купот на Македонја. По мечот стратегот Гоце ЁСедловски беше презадоволен.

Сакам да им честитам на играчите на Вардар и на Струга. Сосема заслужено победивме, она кое го барав од сите, беше исполнето на теренот. Оваа екипа заслужува повеќе, знаете колку победи имаме оваа полусезона. Вакви фраери, им честитам. Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци, а каде е сега. Купот е заслужен. Верувам дека оваа екипа ќе се надградува и со неколку засилувања ќе дојдеме поинаку“, изјави Седлоски.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сега го чекаат квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде заедно со Работнички и Силекс с ќе биде меѓу неносителите. Ждрепката за 1. рунда е на 17 јуни.

To top