понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 87
home Фудбал

Седеше на мини- фрижидер: Го платија 120 милиони евра, а нема место ниту на клупата

Седеше на мини- фрижидер: Го платија 120 милиони евра, а нема место ниту на клупата

Антоан Гризман за првпат не влезе во игра на еден официјален меч на Барселона, дербито со Севилја го проследи седнат на клупата за резерви, или поточно, на мини-фрижидер до клупата.

Барса славеше со 4:0, а на Гризман пријатно му беше да гледа како тимот победува, но не му беше пријатно што тој не учествуваше во голеадата, и што наместо на нормални столчиња, седеше како отфрлен на страна, на едно од фрижидерчињата во кои лекарскиот тим чува мраз.

Неиграњето на Гризман нема да значи негово отфрлање, туку можеби доби одмор. Суспензијата на Усман Дембеле кој доби црвен картон, веројатно ќе значи дека Гризман на следниот меч ќе се најде во нападот заедно со Меси и Суарез.

Се шпекулира дека Французинот не е во најдобри односи со првата ѕвезда Меси, кој преферираше клубот да го врати Нејмар.