вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 158
home Фудбал

Себалос се огласи по тешката повреда: „Ќе се обидам да се вратам“

Себалос се огласи по тешката повреда: „Ќе се обидам да се вратам“

Шпанскиот повремен репрезентативец Себалос покажа како изгледа неговата нога по повредата заработена на вчерашниот меч со Египет на Олимписките игри во Токио (0:0).

На крајот на првото полувреме, египетскиот напаѓач Мохамед Тахер стапна на левиот скочен зглоб на Себалос. Ногата на Шпанецот се сврти неприродно по контактот. Себалос помина околу три минути на теренот, лекарите му помогнаа на играчот, по што тој го напушти теренот.

„Боли, да. Но, со надеж и ентузијазам, ќе се обидам да дадам се од себе да се вратам и да продолжам да им помагам на моите соиграчи на Олимписките игри.“– напиша Себалос на Твитер.

Шпанија е во Ц-групата заедно со Египет, Аргентина и Австралија.

Олимпискиот турнир во фудбал на Игрите во Токио почна на 21 јули и ќе трае до 7 август.

Коронавирус