среда, 30. септември 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

Себаљос останува во Арсенал

Себаљос останува во Арсенал

Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос ќе игра следната сезона во Арсенал. Тимот од Лондон се договори со шпанскиот гигант и го ангажираа играчот за уште една година.

Дваесет и четири-годишниот Шпанец минатата сезона играше на 37 натпревари за „топџиите“. Тој се претстави одлично и имаше очекувања дека Арсенал ќе го купи. Очигледно клубот не го стори тоа и претпочита да го изнајми.

-Дени беше важен дел од тимот минатата сезона, кој заврши во одлична форма. Тој е играч со многу квалитети. Среќни сме што ќе се врати кај нас, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета. (МИА)

Коронавирус