среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 106
home Фудбал

Се знае кој е газда во Манчестер: Јунајтед му одржа фудбалска лекција на Сити!

Се знае кој е газда во Манчестер: Јунајтед му одржа фудбалска лекција на Сити!

По победата над Тотнем на домашен терен, екипата на Манчестер Јунајтер по се изгледа се враќа на победничките патеки после денешниот триумф против градскиот ривал Сити со 0-2.

„Црвените ѓаволи“ го решија победникот на натпреварот од 16. коло во Премиер лигата уште во првото полувреме, со головите на Маркус Рашфорд во 23. и Ентони Марсијал во 29. минута. На пет минути пред крајот на мечот, Отаменду успеа само да го ублажи поразот на „граѓаните“.

Со овој триумф, избраниците на Оле Гунар Солшер дојдоа до 24 бода и сега имаат пет помалку од четвтропласираниот Челси. На другата страна, пак, Сити полека го губи чекорот кон одбрана на титулата бидејќи моментно заостанува 14 бода во однос на лидерот Ливерпул.