петок, 24. септември 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Се заострува ситуацијата, Илаиш Мориба нема да игра ниту за резервите, Барса размислува да го продаде за 25 милиони

Се заострува ситуацијата, Илаиш Мориба нема да игра ниту за резервите, Барса размислува да го продаде за 25 милиони

Талентираниот Илаиш Мориба нема да игра ниту за Барселона Б, младото момче е казнет поради тоа што одбива да потпише нов договор и лесно може да се случи да биде продаден во летниот преоден рок.

Се заострува ситуацијата помеѓу Барселона и талентираниот Илаиш Мориба.

18 годишниот фудбалер од средниот ред пред две недели не доби повик да ги стартува подготовките со првиот тим бидејќи одбива да стави потпис на нов договор и бара многу пари за да ја продолжи соработката.

Момчето беше оставено да тренира со Барселона Б, и откако ова не придонесе за преговорите да мрднат од мртва точка, „каталонците“ се решија за нова казна.

Илаиш Мориба нема да биде дел од составот на резервите за првиот подготвителен меч, и нема да игра се додека не прифати нов договор.

Веќе се шпекулира и за негово заминување откако Манчестер Сити и Челси пројавиле интерес. Илаиш Мориба има откупна клаузула од 100 милиони евра, но тешко дека Барселона може да ја добие оваа сума со оглед на тоа дека договорот на фудбалерот истекува во јуни 2022.

Се говори дека „каталонците“ ќе се задоволат со 25 милиони евра.

Коронавирус