вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 51
home Фудбал

Се вжештува битката за Деклан Рајс – Челси го нуди Тами Абрахам

Се вжештува битката за Деклан Рајс – Челси го нуди Тами Абрахам

Фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рајс е еден од најбараните играчи на „Островот“ ова лето. Играчот од средниот ред блесна во текот на сезоната во која беше еден од најдобрите играчи на „чекичарите“ во сезоната во која лондонскиот тим избори излез во Европа, а добрата форма на Англичанецот продолжи и на Европското првенство.

За потписот на 22-годишникот се борат Манчестер Јунајтед и Челси, а „сините“ имаат џокер во Тами Абрахам. Напаѓачот кој блескаше пред две сезони, претходната не успеа да се наметне под водство на Френк Лампард, а потоа и под Томас Тухел па ќе замине од „Стемфорд Бриџ“ во потрага по првотимски статус.

Играч од калибарот на Абрахам е и тоа што му е потребно на Вест Хем кој на почетокот на сезоната го имаше Себастијан Халер, но Германецот не ги исполни очекувањата па замина во зимскиот трансфер рок. Неговото место го превзема Мајкл Антонио и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во тимот, но преголемиот број на поведи на Англичанецот го примора тимот да бара ново засилување во нападот за сезоната во која ќе настапува и на меѓунардоната сцена.

Абрахам е прекуброен во Челси, на Вест Хем му треба напаѓач, а и самиот Рајс сака да се врати на „Стемфорд Бриџ“ каде ја помина младинската школа па овој трансфер се чини како полн погодок, но останува да видиме дали „чекичарите“ ќе се откажат од играчот кој заедно со Соучек го „контролира“ средниот ред.

Коронавирус