четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 76
home Фудбал

Се врати во Премиер лигата: Набил Бенталеб во Њукасл

Се врати во Премиер лигата: Набил Бенталеб во Њукасл

Фудалерот на Шалке 04, Набил Бенталеб во наредните шест месеци ќе игра на позајмица во Њукасл, соопшти премиерлигашот кој ќе има можност и за откуп на неговиот договор по завршување на сезоната.

„Среќен сум што се враќам во Премиер лигата, особено во клуб каков што е Њукасл. Интересен проект е. Тренерот има доверба во мене што веднаш го забележав. Мислам дека ова е совршен потег за мене“, рече 25 годишниот алжирски фудбалер.

Бенталеб од 2013 година до 2017 година настапуваше за Тотенхем, со тоа што во сезоната 2016/17 ја мина на позајмица во Шалке по што потпиша четиригодишен договор со бундеслигашот.

За екипата од Гелзенкирхен постигна 19 гола во 97 меча, а од март лани беше префрлен во вториот тим од дисциплински причини.

Локални избори 2021