сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 14
home Фудбал

Се враќа дома: Капитенот Марсело го напушта Реал Мадрид, познато каде ќе ја продолжи кариерата

Се враќа дома: Капитенот Марсело го напушта Реал Мадрид, познато каде ќе ја продолжи кариерата

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело го известил клубот дека сака да го напушти Реал Мадрид, јавува Ел Национал.

Марсело со договор е врзан за Реал Мадрид до крајот на оваа сезона, но нема намера да го продолжи договори и клубот би можел да реагира со негова продажба во јануари.

Бразилскиот лев бек го одбрал и клубот каде сака да ја продолжи кариерата. Доколку му се исполнат плановите ќе се пресели во Флуминенесе, каде во 2005-та година ја започна кариерата.

Флорентино Перез нема намера да му застане на патот на Марсело во желбата за заминување, дококу двата клуба се договорат. Останува прашање што на ова ќе каже тренерот Карло Анчелоти.

Марсело во Реал Мадрид пристигна во 2006-та година. Со клубот освои 22 трофеи, меѓу кои четири во Лигата на шампионите и пет во Ла Лига.

Коронавирус