сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 9
home Фудбал

Се спремаат радикални мерки: Играчи со две државјанства нема да имаат право на настап за Швајцарија

Се спремаат радикални мерки: Играчи со две државјанства нема да имаат право на настап за Швајцарија

Фудбалската федерацијата на Швајцарија сериозно ја гледа опцијата да им забрани на играчите со двојно државјанство да играат за репрезентацијата.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека челните луѓе на фудбалскиот сојуз на Швајцарија размислуваат да применат радикални мерки, кога се во прашање играчите со два пасоши.

Имено, после мечот Србија-Швајцарија, на кој Гранит Џака и Џердан Шакири ги прославија головите покажувајќи двоглав орел, кој е симбол на т.н. „Голема Албанија“, федерацијата предложува да се воведе правило двојните државјани да мора да се откажат од другиот пасош ако сакаат да играат за националниот тим на Швајцарија.

Генералниот секретар Алекс Мишер ги потврди овие информации за швајцарскиот весник „Тагесацајгер“. Тој смета дека некои граници мора јасно да се постават.

-Дали играчите до одредени години на старост мора да одлучат за која репрезентација ќе играат? Може да се случи да вложуваме во фудбалери кои во иднина ќе играат за друга репрезентација. Федерацијата би можела да каже дека програмите се отворени само за млади играчи кои немаат двојно државјанство. Слушаме многу ветувања, а потоа играчот кога ќе наполни 21 година одлучува да игра за друга земја, затоа што таму гледа поголеми шанси за успех на репрезентативен план.

Според Мишер, ако двојните државјани сакаат да го носат националниот дрес на Швајцарија, би морале да се откажат од другиот пасош.

-Со овој предлог сакаме да го видиме размислувањето на општеството, а ако некој не го дели мојот став, тогаш тоа исто така е во ред, вели тој.

-Тоа е како дете од разведен брак, кое мора да одлучи меѓу мајката и таткото.  Би било олеснувачки за многу играчи ако што порано донесат таква одлука, смета Мишер.

Сепак весникот истакнува дека секогаш ќе постојат играчи кои се емоционално врзани за две земји, па ни барањето да се откажат од едниот пасош нема да го промени тоа во срцето.

Коронавирус