сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 18
home Фудбал

Се сменија работите: Јувентус се навикна на животот без Роналдо, сега Јунајтед има проблем

Се сменија работите: Јувентус се навикна на животот без Роналдо, сега Јунајтед има проблем

Почетната еуфорија по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед помина и на површина излегоа сите проблеми што ги има клубот од Олд Трафорд.

Португалецот почна одлично, постигна неколку важни голови на првите натпревари, но на последните три меча во Премиер лигата ниеднаш не ја затресе мрежата. Сето тоа се гледа и на резултатите на Манчестер Јунајтед, а сега и на Јувентус.

Торинскиот клуб лошо ја почна сезоната, во првите три кола немаше победа и заостана зад конкурентите за титулата. Како минува времето, „бјанконерите“ се соземаат и веќе се навикнаа на животот без својата прва ѕвезда.

По заминувањето на Роналдо, Јувентус претрпе само еден пораз и тоа на гостувањето кај Наполи со 1-2. На последните седум меча има шест победи и едно реми, во дербито со Милан на домашен терен, сметајќи ги сите натпреварувања.

Ситуацијата во Јунајтед е обратна. По триумфот против Њукасл на кој Роналдо постигна два гола, тимот од Олд Трафорд одигра седум меча и оствари само две победи и тоа против Виљареал во Лигата на шампионите и Вест Хем во домашното првенство. На тие седум меча Роналдо постигна само три гола.

Коронавирус