Фудбал Сериозен проблем за Интер

Се повреди еден од најдобрите играчи на Интер во клучен дел од сезоната

Се повреди еден од најдобрите играчи на Интер во клучен дел од сезоната

Маркус Турам заработи повреда и нема да игра викендов за Интер против Болоња во Серија А.

Турам има повреда која ја доби на мечот против Баерн Минхен во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите, а останува да се одреди колку ќе паузира.

Кога ќе се земе в предвид дека Турам е еден од најдобрите играчи на Интер оваа сезона, ова е сериозен удар за Симоне Инзаги.

По неделниот дуел со Болоња од Серија А, веќе в среда Интер го очекува натпревар против Милан во реваншот од полуфиналето на Копа Италија.

To top