понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Фудбал

Се подготвува казна за познат фудбалер, фатен е како навива за друг клуб (ФОТО)

Се подготвува казна за познат фудбалер, фатен е како навива за друг клуб (ФОТО)

Екипата на Шефилд едно од најпријатните изненадувања сезонава на Островот.

Откако минатата сезона како второпласирани од Чемпионшип изборија пласман во Премиер лигата, многумина на Шефилд му предвидуваа тешка борба за опстанок, но и испаѓање.

Меѓутоа екипа која од клупата ја предводи Крис Вилдер игра над сите очекувања. Во овој момент тие се на одличната шеста позиција со 32 освоени бодови имаат солидни шанси да изборат дури и излез во Европа.

Една од првите ѕвезди на тимот е младиот Оливер Мекбурн кој овие денови се најде во центарот на вниманието. Освен што донесе бодови за својот Шефилд, младиот шкот присуствуваше на дербито во Чемпионшип помеѓу Кардиф и Свонси.

Натпреварот заврши 0:0, а поранешниот напаѓач на Свонси е „уловен“ како навива за неговиот поранешен клуб. Според „Скај Спорт“ ФА против него отвори дисциплинска постапка, па можно е да сноси последици.

Коронавирус