сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Се огласи таткото на Меси- овие зборови фановите ги примија со солзи во очите

Се огласи таткото на Меси- овие зборови фановите ги примија со солзи во очите

Хорхе Меси, таткото на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека фудбалерот може да остане во каталонскиот клуб и следната сезона.

Како што објави „Deportes Cuatro“, Меси постариот потврди дека 33-годишниот Аргентинец разгледува опција во која ќе помине уште една сезона во Барса.

Тој исто така истакна дека неговата средба со претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу поминала „многу добро“.

Претходно беше објавено дека Меси сака да ја напушти Барселона, користејќи ја опцијата во договорот, според која тој има право да го напушти тимот бесплатно. Според извештаите во медиумите, главен претендент за фудбалерот е Манчестер сити.

Коронавирус