среда, 20. март 2019. Вести денес: 113
home Фудбал

Се огласи Симеоне по фаќањето на своето меѓуножје: Го направив тоа од срце за да докажам дека имаме… (ВИДЕО)

Се огласи Симеоне по фаќањето на своето меѓуножје: Го направив тоа од срце за да докажам дека имаме… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа голема победа над Јувентус на првиот осмина-финален натпревар од Лигата на шампионите.

Избраниците на Диего Симеоне го срушија италијански Јувентус со 2:0, а долго ќе се зборува за прославата на Симеоне на првиот погодок на мадридскиот тим.

Најпрвин, судијата со помош на ВАР технологијата го поништи голот на Мората, но набрзо мрежата на Шчесни повторно се затресе. Овој пат погоди Гименез, голот беше регуларен, а Симеоне го прослави голот со допирање на меѓуножјето.

„Го направив тоа и како играч на натпреварот помеѓеу Лацио и Болоња и го направив тоа повторно за да им покажам на навивачите дека имаме ма*иња. Тоа не беше насочено кон противничката екипа, туку кон нашите навивачи. Признавам, тоа не беше убав гест, но почувствува потреба да го направам тоа. Морав да покажам како се чувствувам. Можам само да им се извинам на тие кои што ги навредив, но го направив тоа од срце“, изјави Диего Симеоне.